Skip to content

Информации за испорака

Дозволете ни да го преземеме транспортот за Вас!
  • брза достава за 24-72 часа низ сите градови (целата територија) на РМ
  • директно до вашата адреса или одредено место
  • добивате потврда за уплата, повратна фактура со потпис, упатство за употреба,
    гаранција 24 месеци
  • можност за определување на условите околу испораката по договор
За дополнителни информации испратете порака на contact@totalfamilyprotect.mk или јавете се на 071/400026



Политика на испорака на производи

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Северна Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Цената на испораката е на наша сметка.


Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 72 часа од моментот на потврдa на плаќањето преку финална наплата од нашите оператори и од страна на банката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. TOTAL FAMILY PROTECT го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници. Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши.


Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.


Доколку нарачката е направена по 16 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција-наплата, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.


Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот. Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, TOTAL FAMILY PROTECT не може да превземе никаква одговорност.



Прием на производи

Производите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда. Производите се спакувани во соодветни кутии, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот. Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите. Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за подршка на корисници и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени. Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од: упатство за употреба, гарантен лист, фактура/испратница, која сте должни да ја потпишете.


Политика за замена или враќање на производ

Потрошувачот има право во “ТОТАЛ ФЕМИЛИ ПРОТЕКТ ДООЕЛ” да го замени или врати производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини.

Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот.

За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Одлука важат следните законски услови:

·        производот не бил употребуван;

·        сочувани се: изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот;

·        при поднесување на барање за замена односно враќање на производ задолжително се приложува фискалната сметка или сметкопотврдата и целокупната друга пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.

 

При поднесување на барање за замена, односно враќање на производ, со призводот задолжително се приложува фискалната сметка или сметкопотврдата и целокупната друга пропратна документација која на Потрошувачот му била издаденa заедно со производот.

По истекот на рокот од 15 дена од денот на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени. Замената, односно враќањето на производот Потрошувачот може да го реализира во ТОТАЛ ФЕМИЛИ ПРОТЕКТ (бул. Кочо Рацин 18) независно од тоа каде е извршена купопродажбата.

Наведената Политика за замена, односно враќање на производ на барање на потрошувач се применува за сите производи купени преку веб адресата на ТОТАЛ ФЕМИЛИ ПРОТЕКТ или преку договор со продавачот од 22.11.2024 година.