Skip to content

За нас

ТОТАЛ ФЕМИЛИ ПРОТЕКТ ДООЕЛ СКОПЈЕ е компанија формирана 2022 година, за продажба на производи кои обезбедуваат подобри услови на живеење и имаат позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Препознавајќи дека загадениот воздух е еден од најголемиот проблем на денешното урбано живеење, ние како компанија имаме за цел да ја подигнеме јавната свест за важноста на чистиот воздух во затворените простории и последиците врз здравјето на луѓето, како и да понудиме современо решение за предизикот да се обезбеди чист воздух и подобри животната и работна атмосфера, преку имплементација на највисоките стандарди и критериуми во областа. Современата наука потврди дека во борбата против загадениот воздух во затворени простори како домови, работни канцеларии, производни хали, болници, градинки, хотели, возила итн. најдобри резултати, до 100% се постигнуваат со примена на негативни јони, односно јонизатори на воздух. Во таа насока ТОТАЛ ФЕМИЛИ ПРОТЕКТ е овластен дистрибутер на словенечкиот производител IONEX и нивните производи за Република Македонија, кои ги задоволуваат највисоките светски стандарди за што ги имаат сите потребни сертификати. Нашата визија и фокус е вербата во нашите вредности, посветеноста во работата и задоволството на нашите крајни потрошувачи, понудувајки им квалитетни производи и новитетите од светскиот пазар, како основа на нашиот иден развој.